Македонија
18. March 2019 - 16:07

Обвинителката Јанева и персоналниот состав на СЈО - главна пречка за договор

Нема приближување на позициите меѓу власта и опозицијата во пресрет на денешниот состанок на работните групи за реформските закони. И во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ стојат на истите позиции кои партиските лидери ги поставија по последната лидерска средба, на Прочка во Владата.
Премиерот Заев и денеска потврди дека нема намера да се откаже од Катица Јанева

Промени нема и во ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека остануваат на своето барање, јавниот обвинител да дојде на предлог на опозицијата. Од партијата велат дека нема да дадат поддршка за продолжување на мандатот на СЈО кое би го предводела Катица Јанева

Ексепртите пак сметаат дека политиката треба да ги тргне рацете од целата процедура за избор на јавен обвинител. Професорката Слаѓана Тасева за Детектор вели дека изборот на кадри во антикорупциска е добар пример

Работната група на СДСМ ќе ја предводи министерката за правда Рената Десковска, а од редовите на опозцијата, тим лидер ќе биде адвокатот Тони Менкиновски. Партиски извори брифираат дека на денешниот состанок ќе присуствува и делегација на ДУИ.

Покрај Законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и за другите реформски закони, меѓу кои и законите за Агенцијате за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница