Македонија
4. January 2016 - 16:58

Обвинителка на СЈО имала сообраќајка на 27 декември. поминала без повреди

Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил попладнето на 27 декември, 2015, во близина на Македонски брод, пишува Нетпрес.

Според информациите од порталот таа, и нејзиниот неколку години помлад совозач, минале без телесни повреди во сообраќајката. Интересен е податокот, што во документацијата која ја сочинила увидната полициска екипа, наводно совозачот бил заведен како „нејзин пријател“, без име и презиме. Полициски извори за Нетпрес велат дека странува збор за 28 годишно момче од Велес.

Екипа од МВР која извршила увид на местото на несреќата, констатирала дека до немилиот настан дошло поради неприлагодена брзина кон условите на патот, пишува Нетпрес. Во еден момент таа изгубила контрола врз автомобилот и излетала од патот.

По една недела молк, Специјалното јавно обвинителство ја потврди информацијата дека јавниот обвинител Ленче Ристоска имала сообраќајна несреќа на 27-ми декември, но ги демантираат тврдењата дека обвинителката возела со преголема брзина.

-До незгодата е дојдено како последица од излигување на автомобилот на кривина, поради замрзнатиот коловоз, а секако возилото било управувано со брзина во граници на дозволената и брзината на движење не е причина за настанување на незгодата. Се работи за приватно возило на обвинителката, поради што сметавме дека нема потреба јавноста да биде информирана.

Ленче Ристоска и’ стана позната на македонската јавност како портпарол на Специјалното јавно обвинителство, при тоа засенувајќи ја својата шефица Катица Јанева.