Македонија
30. September 2022 - 20:17

Обвинителите на Јовески ги проверуваат обвинителите на Русковска

Целиот тим обвинители од државното обвинителство, изминатите два дена го проверувале работењето на одделението кое гони криминал и корупција. Надзорот за кој од обвинителството велат дека е редовен, се случува кратко по суспендирањето на Русковска откако направи претрес во Управата за финансиска полиција. Проверката на предметите, не е причина што трипати досега се одложува изборот на обвинители за тоа одделение, тврдат од Советот на јавни обвинители. Сепак, ако го добијат извештајот од надзорот, и тој ќе влијае на изборот, бидејќи дел од кандидатите работат во тоа обвинителство.

Тонско Антонио Јолевски, Прет на Совет на јавни обвинители

Огласот за доекипирање на Обвинителството за гонење криминал и корупција беше објавен во мај и во три наврати се одложува изборот бидејќи се очекувале извештаи од работата на кандидатите. Таму, во меѓувреме ќе се бира и шеф, но од советот на јавни обвинители, велат дека двата огласи немаат поврзаност.

„Вообичанео беше порано чекајќи го новиот шеф, меѓутоа, со тоа во втор план го ставаме Советот на јавни обвинители. Да не излезе дека Советот работи по дикатат на некој кој ќе биде избран“, изјави Антонио Јолевски, Претседател на Совет на јавни обвинители.

Кој во иднина ќе гони криминал и корупција ќе се знае на седми ноември, кога на непосредни избори, вкупно 163 обвинители ќе гласаат за еден од кандидатите кои ќе се пријават на огласот за шеф на тоа обвинителство.