Македонија
22. April 2021 - 16:46

Обвинители од СЈО влегоа во тимот на Русковска

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов од згаснатото СЈО, преминуваат во обвинителството со кое раководи Вилма Рускоска. Место во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција бараа и Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска и Љубомир Лапе, но тие не ја добија поддршката од Советот на јавни обвинители.

Дел од специјалните обвинители кои сакале службата да ја продолжат со борбра против корупцијата, паралелно конкурирале и за столче во скопското Вишо обвинителство. Така, место обезбеди обвинителката Фетаи, а нејзин колега во зградата на кеј ќе остане и Бурим Рустеми. Обвинителско столче таму побарала и Ленче Ристовска ама не доби поддршка од советот.

Унапредување побарала и обвинителката Ивана Трајчева која го води случајот Рашковски. Конкурирала за обвинител во Вишото обвинителство но во нејзината намера ја поддржаа само двајца членови од Советот на јавни обвнители.

Првиот човек на ова тело вели дека и покрај одогловлекувањето на изборот на обвинители кој доцни повеќе од половина година, постапката била законска и без притисоци.

Додека се распределуваа обвинителски места, речиси во исто време, Судскиот совет назначи по тројца судии за кривичниот и граѓанскиот суд. Сите доаѓаат од академијата за судии.

Идната недела Судски ќе избира нов претстедател откако истече двегодишниот мандат на Киро Здравев.