Обвинителен предлог против напаѓачите на претседателот на СМК
Скопското јавно обвинителство денеска поднесе обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека на 27-ми февруари годинава го нападнаа претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.
- По спроведената истражна постапка и комплетирање на доказниот материјал, Основното јавно обвинителство - Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против Б.Е., Б.А. и Е.А. за сторено кривично дело „насилство“ од Кривичниот законик, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.
Кривично правниот настан, како што потсетуваат од Обвинителството, се случил во ресторан во близина на Скопскиот саем, на 27 февруари годинава, околу 12:30 часот. - Оштетениот Т.П. кој бил гостин во ресторанот во придружба со уште едно лице, бил физички нападнат од обвинетиот Б.Е. и едно непознато лице кои со тупаници го удирале во пределот на главата. Сакајќи да се заштити, оштетениот се повлекувал наназад и влегол во блиското сепаре и сместувајќи се во агол со рацете ја покривал главата. На нападот се приклучиле и обвинетите Е.А. и Б.А. со уште едно непознато лице и продолжиле да го удираат оштетениот со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Обвинетиот Б.А. го фатил оштетениот за врат и го турнал, при тоа заканувајќи му се, се додава во соопштението.
Од ударите оштетениот се здобил со телесни повреди „потрес на мозок, контузии на коски на лицето, како и површински повреди во пределот на лицето“. Во исто време кај оштетениот, како и кај други лица кои во моментот се наоѓале во ресторанот, било предизвикано чувство на страв, загрозеност и несигурност, велат од Обвинителството.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок