Македонија
19. April 2019 - 16:15

Обвинител ќе ја проверува апликацијата на СДСМ која опозицијата ја нарече „Големото око“

За аферата Големото око штабот на кандидатот Гордана Силјановска Давкова ја  информираше набљудувачката мисија  ОБСЕ и ОДИХР . Шефот на изборниот штаб побара одговори какви се информации се прибирани преку апликацијата на СДСМ и праша зошто до сега МВР иако добиле информации не постапиле веднаш да го расчистат случајот. Во меѓувреме од штабот на Силјановска се сомневаат дека се случило и бришење на хард дисковите со цел да се затскријат доказите дека и матичните податоци биле злоупотребени.

Ние за жал, повторно ќе речам преку социјалните мрежи вчера и завчера во живо практично следиме како се блокира серверот на СДСМ, како се апдејтира апликацијата и дека серверот во одредени моменти не работеше, за сега повторно да проработи. Се сомневаме дека дел од хард дисковите се веќе избришани или пак променети, и главната информација што ја дознавме вчера преку социјалните мрежи е дека кодот со кој што претходно се означуваше единствениот матичен број на граѓаните сега е заменет со други бројка и буква што укажува на тоа дека индициите дека сепак СДСМ ги прибирала матичните броеви на граѓаните се точни.

Пендаровски тврди дека личните податоци на граѓаните не се злоупотребени и станува збор за современа апликација што се користи во кампањите посебно во западниот дел од Европа. Според Пендаровски напротив ВМРО ДПМНЕ се тие кои ја нарушувале приватноста на илјадници граѓани.  

 – Тој тип на кампања се води од врата на врата, наместо да се пишува во тетратка, сега се пишува во таа апликација. Меѓутоа, тоа се јавно достапни податоци и воопшто не станува збор за влегување во приватноста на граѓаните, не станува збор за никаква повреда на уставно право, вели тој. Тоа што луѓето од ВМРО-ДПМНЕ мислат дека е тоа некоја нова голема операција, како ја велат тие големото уво, тоа го кажуваат затоа што ја имаат мувата на главата. И во 2001-ва илјадници луѓе прислушкуваа и во време на режимот на Груевски повторно над 20.000 луѓе прислушкуваа на традиционален начин, изјави Стево Пендаровски.

Извори од обвинителството велат дека ја примиле претставката поднесена од штабот на Гордана Силјановска Давкова за сомнителната интернет апликација. Комисијата за следење на изборни нерегуларности и претставници од штабот на Силјановска Давкова и на вчерашната средба  разговарале за последните случувања.

Претставката веќе е распределена кај надлежен јавен обвинител. Се преземаат потребните дејствија во врска случајот.

По објавената афера и премиерот Заев рече постои таква апликација но се работи за избирачкиот список кој го имаат политичките партии.