Македонија
10. February 2016 - 21:11

Обвинетите за „Монструм“ ослободени од косовскиот суд

Косовскиот суд ги ослободи двајцата обвинети во случакот “Монструм“, јави весникот Коха.

Судот во Приштина одлучил дека Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, не може да бидат задржани во оваа земја затоа што нема доволно докази за делото за кое ги товареше оваа земја.

Двајцата обвинети, во отсуство беа осудени на доживотен затвор од Македонскиот суд.

По масакрот кај Смилсковско Езеро, тие побегнаа во косово, а во март 2013 беа притворени од Косовските власти и одлежуваа затворска казна за друго дело кое го извршиле таму. Сега судот ги ослободува и во најбрз можен рок ќе бидат екстрадирани во Македонија за да го одлежат доживотниот затвор.

Освен Исмаиловиќ и Демири, на доживотен затвор за делото тероризам беа осудени и Фејзи Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ, додека пак Хаки Азири беше осуден за потпомагање на терористичкиот чин.