Македонија
27. August 2018 - 16:33

Обвинетите за 27 април не се чувствуваат виновни

Сите 33ца обвинети за собраниските настани не се чувствуваат виновни.  Денеска пред судот рекоа дека го разбираат обвинението, но дека немаат сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Со сличен став беа и нивните адвокати кои во рамки на воведните говори рекоа дека со голем број докази ќе ги побијат тврдењата во обвинението.

И одбраната и семјествата на обвинетите реагираат на дејствијата кои се опишани во актот.

Доказната постапка во петок ќе стартува со исказ на 4 ца пратеници од редовите на СДСМ и нивната колација. За немирите во Собранието од 27 април минатата година први ќе сведочат Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски. На следните рочшошта како сведоци ќе се појават и премиерот Заев, министерот Спасовски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и уште 10тина пратеници.

Покрај веќе закажаните 37 рочишта, судот денска закажа нови 28 термини. Со ова, до крајот на јануари само за овој премеде Кривичен ќе одржи вкупно 65 расправи.