Обвинетите во „Дива населба“ отстранети од судница
Обвинетите во случајот „Дива населба“ денеска во скопскиот Кривичен суд го бојкотираа судењето откако беа одбиени предлозите на нивната одбрана да бидат изземени членовите на Судечкиот совет на чело со судијката Верка Петковска.
Тие на денешното рочиште со висок тон се обраќаа кон судијката, откако беа одбиени предлозите на одбраната за овој предмет да бидат сослушани и поранешни функционери, по што беа отстранети од судницата.
Судот по паузата треба да одлучи дали има услови да се одржи денешното рочиште.
Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и терористичка организација.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-
Телото извлечено од Дунав е на Матеј Периш, обдукцијата покажа ненасилна смрт
-
Литургија на помирување во црквата „Свети Сава“ во Белград
-
Фармерите бараат повисока цена за свинското месо
-
Од понеделникот 1730 украински борци се предале од челичарницата Азовстал во Мариопол
-
Дали ново вето во јуни ќе донесе предвремени избори?
-
Европратениците со силна поддршка за старт на преговорите со Македонија
-
МПЦ и СПЦ утре на заедничка литургија во Белград, до крајот на месецот се очекува писмо од СПЦ за автокефален статус
-
Генчовска: Ова не е фудбалски натпревар, нема да има промена на одлуката на Советот