-->
-->
Обвинетите каталонски сепаратисти пристигнаа во судот во Мадрид
-->
Разрешени членови на регионалната Влада и Парламентот на Каталонија денеска пристигнаа во суд во шпанскиот главен град Мадрид, каде треба да бидат сослушани во врска со обвиненијата за бунт и против-државни активности.
Меѓу нив не е разрешениот премиер Карлес Пуџдемон и уште четири членови од Владата кои заминаа во Белгија за да избегнат апсење.
Групата од 14 членови на разрешената Влада, кои се појавија во судот, беше предводена од разрешениот вицепремиер Ориол Жункерас. Тие беа пречекани од демонстранти кои на каталонски им извикуваа „Nе сте сами“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море