-->
-->
Обвинетите и нивните адвокати бараат да прекине судењето за Титаник
-->
Притворот за Катица Јанева е доказ дека постои опасност таа да го повтори кривичното дело и во предметот Титаник и затоа е неопходно да прекине судењето.
Ова на почетокот на денешното судење го изјави адвокатот Димитар Дангов кој е бранител на обвинетите во предметот Титаник. Според Дангов, со притворот за Јанева ниту обвинителката Лиле Стефанова повеќе нема право да го застапува предметот.
Обвинетиот Илија Димовски, во судницата наведе дека веќе е започната постапка за разгледување на совесноста во работењето на Јанева, постапка која се води пред советот на јавни обвинители и се додека тој не донесе одлука, судењето за Титаник да мирува.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите и на помирување
-
Андоновски: Фокусот не треба да биде на забрана на апликациите, туку на едукација на децата и родителите
-
Брисел воведува нова рамка за собирање и доставување информации за авиопатниците што влегуваат во ЕУ
-
„Гугл“ ја засили борбата против злонамерни мрежни следачи
-
ДКСК повикува на транспарентност и анализа при донесување на измените на Законот за јавни набавки
-
Бајден помилувал 39 лица за ненасилни кривични дела, а им ги намалил казните на 1.500
-
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица