Македонија
17. December 2018 - 13:26

Обвинение за венецуелскиот државјанин фатен со дрога на скопскиот аеродром

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 Скопје против едно лице поради неовластено производство и пуштање во промет на дрога.

Станува збор за државјанин на Венецуела, со потекло од Египет, кој допатува во Македонија на 5.12.2018 година со лет на релација Цирих – Скопје. Царинските службеници на скопскиот аеродром, при извршен личен преглед и преглед на личниот багаж на ова лице, пронашле и одзеле кокаин во зипер-вреќичка со нето-маса од 332,6 грама скриена во рачките од куферот. Во исто време биле пронајдени и шест најлонски вреќички со вкупна нето-маса од над 1,5 килограми кои биле сошиени во долната облека.

Ценејќи дека и натаму постојат причините заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерката притвор, јавниот обвинител заедно со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор.