Обвинение за тетовец кој нападнал полициски службеници
На 28 август 2020 година, околу 1:30 часот, во комплексот на манастирот Св. Богородица и Св. Атанасиј во село Лешок, осомничениот со употреба на сила непосредно нападнал врз телото на службени лица кои вршеле работи од јавна безбедност при што им нанел телесни повреди. Нападот следел откако по настаната тепачка меѓу посетители на манастирот, меѓу кои бил и осомничениот, службените лица интервенирале со раздвојување на учесниците во тепачката и нивно приведување. Во тој момент осомничениот се дал во бегство, а по него тргнале полициските службеници. Откако го престигнале, осомничениот видно под дејство на алкохол, продолжил да го нарушува јавниот ред и мир, соопшти Јавното обвинителство.
Оттаму информираат дека тој давал активен отпор при обидот на службените лица да го тргнат од местото на настанот за да ја стават ситуацијата под контрола, при што ги навредувал, се заканувал , ги удирал и им нанел телесни повреди.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка