Обвинение за скопјанецот кој криел марихуана во дворот на сосетката
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-Обвинетиот 27-годишник неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 1.521,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со транспарентна фолија, а обвинетиот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана, информираат од Обвинителството.
Јавниот обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, со оглед на тоа што се работи за лице претходно веќе осудувано за истото дело, што го оправдува стравот дека тој би можел да го повтори делото или да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода.
Ново на Сител
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата