Обвинение за лице кое му се заканувало на Заев на Фејсбук
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое на Фејсбук му се зканувало на доскорашниот премиер Зоран Заев.
Обвинетиот кој се товари за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста, во објавените коментари повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.
Во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија, во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело.
– Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години, се појаснува во соопштението од ЈО.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка