Македонија
4. May 2021 - 16:40

Обвинение за Дерковски за софтверот за изборни резултати, тој тврди дека нема криминал

Обвинителството, кривично го гони поранешниот претседател на Државната изборна комисија. Според обвинението, Оливер Деркоски, го оштетил државниот буџет за сума од 900 илјади денари со набавката на софтвер за објавување резултати од претходните парламентарни избори. Компанијата што ја избрал, не ги исполнувала условите за учество на тендерот.

„Иако бил должен пред да го потпише договорот и пред да го имплементира софтверот, да обезбеди негово тестирање заради утврдување дали истиот ги исполнува бараните услови, тој не го сторил тоа и дозволил истиот да се пушти во употреба“, се вели во известувањето од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Освен тогашниот претседател на ДИК, за набавката на софтверот се гонат уште три лица вработени во комисијата кои ја спроведувале набавката на компјутерскиот софтвер. Деркоски, за Сител вели дека не е сторен криминал – со направениот избор заштедиле државни пари.

Обвинението за Деркоски и неколкумина вработени во ДИК следи откако по изборниот ден лани, падна интернет страницата на ДИК, па половина ден не можеше да се следи изборниот резултат.