Балкан
13. October 2016 - 21:14

Обвинение против две лица од Пеќ поради тероризам

Косовското специјално обвинителство подигна обвинение против две лица од Пеќ поради тероризам.

Осомничените се обвинети дека преку радио станици и интернет портали ширеле терористичка пропаганда со цел да се мобилизираат млади луѓе од Косово да се приклучат кон терористички организации во Сирија и Ирак.

Тие, исто така, се обвинети поради придружување кон странски сили.