Македонија
18. May 2017 - 14:49

Обуки за искористување на средства од ЕУ фондови во Штип

Обуки за претставниците на општините, невладиниот и бизнис сектор за аплицирање и искористување на средствата од Фондовите на ЕУ организираа денеска во Штип, Секретаријатот за европски прашања при Влада на Република Македонија и Центарот за развој на Источниот плански регион. 

Раководителката на Центарот за обука во  Секретаријатот за европски прашања Елизабета Буова вели дека учесниците во обуката се запознаваат и со хравтското искуство за искористување на средствата од фонодвите на ЕУ, кои со влегувањето во ЕУ имаат влезено во друга фаза од апилцирањето и токму тие искуства можат да се пренесат и кај нас.

- Соработката со Хрватска оди преку Твиннг проект за Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања. Твининг проектот трае осум месеци, главен изведувач е ГИЗ и германските партнери исто така во рамките на оваа соработка можат да поканат и експерти од други земји со што многу ни помогнаа, особено во доменот на европските фондови со цел да создадеме нови модули, да создадеме нови плански документи и исто така да ги пренесеме нивните искуства на територија на Македонија, вели Буова.

Истакна дека ваквите обуки се корисни не само за администрацијата, туку и за невладиниот и бизнис секторот, академската заедница и за јавните претпријатија, кои со соодветни информации, знаења и вештини можат да дојдат до фондови за реализација на проекти корисни за граѓаните.

Директорката на Центарот за развој на Источниот плански регион (ИПР), Драгица Здравева забележа дека со аплицирањето на општините до Програмата за меѓуграничка соработка со Бугарија нивните капацитети веќе се зајакнати, но ваквите обуки се посебно корисни и за да се научи и информираат за други фондови кои ги нуди ЕУ. Изминатата година општините имаат искористено над  92 проценти од средствата од Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија.

- Оваа година колку што знам е околу 21 милион евра. Ние како центар како што знаете добивме два проекти. Тоа е проектот за реконструкција и адаптација на административната зграда на општина Кочани. Проектот е 400.000 евра, заедно со нашиот партнер од Република Бугарија, а тоа е Благоевградската администрација. По 200.000 евра за една и другата страна и го менаџираме проектот за ЈЗУ Клиничка болница-Штип околу формирање на Кластер за здравството и размена во искуства. Тој проект е околу 150.000 евра, а го работиме со Здружението за Благоевградска област, рече Здравева.

Таа исткна дека искористување на Фондовите на ЕУ се особено значајни за општините, кои на барање на граѓаните ги користат за инфраструктурни проекти, но не треба според неа да се занемарат и меките проекти, кои пак овозможуваат да се дојде до стратешки документи за реализација на инфраструктурни проекти.