Македонија
17. December 2018 - 17:03

Обука за разузнавачите- Агенцијата треба да се департизира и професионализира

Професионализација и департизација на разузнавачките служби преку нивно доедуцирање. Агенцијата за разознавање и Факултетот за безбедност започнуваат нов проект со кој треба да се подигне знаењето во службите на повисоко ниво, адекватно на современите закани и предизвици.

Курсот ќе се одржува во периодот на реформи на безбедносната и разузнавачката заедница, кои произлегуваат од процесот за чаленство во НАТО И ЕУ.

Првиот човек на Агенцијата за разузнавање истакна дека сите анализи покажале дека недостасува процесот на образование со кој вработените ќе се стекнат со унифицирани знаења. 

Процесот на образовасние кои ќе го реализираат професори од факулетеот за безбедност и професионалци од Агенцијата за разознавање, кои очекуваат овој проект во иднина да прерасне во регионална универзитетска програма за стручно усовршување за разузнавање.