Македонија
31. July 2018 - 13:17

Обука за лидерство во Гевгелија

Менаџери од гевгелиски фирми и вработени во општинската администрација се обучуваа да станат лидери. Тоа им го овозможи работилницата што се одржа изминативе два дена во организација на фондацијата „Аполонија“ и Мировниот корпус во Македонија.

- Во сесиите на работилницата првиот ден ги опфативме важните основи на бизнисот, комуникацијата, правењето стратешки план што ја дефинира работата и користењето клучни податоци за мерење прогрес и адаптирање на планот врз основа на перформансите, додека вториот ден со вежби и интерактивни тркалезни маси ги анализиравме разликите меѓу лидерите и менаџерите кои како вештини се потребни да се биде ефективен менаџер, потенцираа организаторите.

Предавачи на работилницата во Гевгелија беа искусни и успешни менаџери од САД кои моментно се волонтери во Мировниот корпус.

Ова беше еден од петте настани годинава кои се дел од програмата „Трансфер на вештини“ што заедно ја спроведуваат  „Аполонија“ и Мировниот корпус.