Македонија
19. March 2019 - 8:38

Обука за Итната медицинска помош и менаџирање на ресурси за подобро справување при масовни катастрофи

Едукативна обука за Итната медицинска помош и менаџирање на ресурси, наменета за здравствени работници, полиција, армија и противпожарната бригада со цел подобро справување при масовни катастрофи ќе се одржи денеска во Скопје.

По повод обуката изјави за медиумите ќе дадата министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Обуката што ќе се одвива во М6 едукативниот центар во АД Пивара Скопје, ја спроведува тим од експерти од Државата Израел.