Македонија
23. јуни 2016 - 8:28

Обука за градење локални капацитети за креирање младински политики

Во Етно Село Куманово денеска почнува обуката за градење локални капацитети за креирање младински политики, како дел од активностите на истоимениот проект финансиран од ЕУ.

Обуката ќе трае два дена, а целта е градење на капацитетите на младинските организации и локалната самоуправа за обезбедување висок степен на младинско учество и простор за развој на младински политики на локално ниво.

Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики” го имплементираат Фондацијата за претприемачки сервис за млади и Фондацијата Евро Центар во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане. Почна со утврдување на проблемите и потребите кои ја ограничуваат економската независност на младите во тритe општини за поставување појдовна точка од која граѓанските организации и креаторите на младинските политики ќе ги насочат заедничките напори кон дефинирање соодветни политики и мерки во согласност со приоритетите на Националната стратегија за млади.