Бизнис
23. September 2015 - 20:01

Обука за дефицитарни кадри на пазарот на труд

Дом за стари лица од Скопје, е само една од фирмите кои учествуваат во проектот , обуки на дефицитарни  кадри на пазарот на трудот.  Освен на претохдниот оглас, на кои се привалиле дека имаат потреба од лица за обука во домот, тие планираат да се пријават и на новиот повик.  Сите млади кога ќе ја поминат обуката , добиваат сертификат, а тоа помага да се зголеми  бројот на негователки за стари лица, професија која во поледниве години е  дефицитарна на пазарот, а од која потреба имаат и државните и приватните установи.

Освен од овој тип на компании, во проектот се вклучен и други фирми, од производствотот, услугите трговијата, кои на пазарот не можат да го најдат потребниот кадар.

Невработените лица кои сакаат да одат на обука од денеска можат да аплицираат на новиот трет по ред оглас.

Додека трае обуката,  лицата добиваат по 6.200 денари, а работодавачите  до  30.000 денари.

Досега обуките на дефцитарни занимања ги посетиле повеќе од 1. 000 млади,  а 30 отсто од нив потоа се вработиле.