Македонија
30. October 2017 - 19:23

ОБСЕ/ОДИХР со оценка за изборите

Иако со низа нерегуларности, вториот круг од локалните избори беше конкурентен. Ова е генералната оценка на ОБСЕ/ОДИХР за вчерашниот изборен ден во Македонија. Меѓународната набљудувачка мисија во предизборниот период забележала одредени притисоци врз гласачите, семејно гласање, сликање на гласачки ливчиња и злоупотреба на државните ресурси, но и покрај тоа вели дека вчера во земјава биле одржани демократски избори. Според амбасадорката Гловер, особено проблематични биле јавните најави на премиерот Заев дека Владата финансиски ќе ги поддржи општините во кои ќе победат градоначалници на СДСМ и ДУИ.

Амбасадорката Гловер ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ доколку навистина поседува докази за насилство во предизборниот период и на денот на гласањето, тоа да го пријави до надлежните институции.

Финалниот извештај за локалните избори мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе го објави за два месеци. Вториот круг меѓународната мисија во земјава го следеше со вкупно 289 набњудувачи на терен.