Балкан
14. April 2017 - 8:49

ОБСЕ/ОДИХР со 330 набљудувачи на изборите во Албанија

Вкупно 330 претставници на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги набљудуваат парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат на 18 јуни.

Од нив 30 ќе бидат долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи.

Соопштувајќи ја бројката на свои набљудувачи, мисијата изразува загриженост од недостигот на дијалог меѓу партиите што „може да го поткопа“ спроведувањето на изборите на 18 јуни, а изборната кампања да биде под влијание на парите од криминалот.

- Од февруари опозицијата го бојкотира Парламентот и одржува политички протести барајќи формирање техничка влада која ќе создаде услов за слободни фер избори. Владата не понуди никакво решене за овие барања и ја критикува опозицијата за неправедно блокирање на неопходнте реформи. Експертите на ОБСЕ искажаа загриженост дека актуелната политичка ситуација и недостигот на дијалог може да ги поткопаат изборите,стои во извештајот на мисјата на ОБСЕ.

ОБСЕ наведува дека избрната кампања почнува на 19 мај, а завршува 24 часа пред денот на изборите. Во трката за 140 пратенички места ќе се тркаат кандидати од 45 политички субјекти. Партиите од обединетата опозиција,предводени од Демократската партија, изборите ги бојкотираат.