Свет
28. April 2016 - 14:39

ОБСЕ: Загрижувачко ниво на прекшување на примирјето во Украина

Највисоко ниво на прекршување на примирјето во Украина е регистрирано во изминатите неколку месеци, а насилствата се на „загрижувачко ниво“, изјави денеска шефот на мисијата на ОБСЕ Ертурул Апакан.

Тој повика спротиставените страни да покажат видлива и одлучна акција за обнова на примирјето.

– Најголем број прекршувања на примирјето регистрираше ОБСЕ во изминатите месеци, изјави Апакан и додаде дека „вооружените напади во источна Украина повторно се на загрижувачко ниво“.

Апакан прецизираше дека „артилеријата и минофрлачи повторно користат Киев и про-руските сили“. Тој изрази загриженост и поради „директните напади“ врз набљудувачите од ОБСЕ за кои вели дека поминуваат неказнето.