Loading Video...
Македонија
15. May 2019 - 16:35

ОБСЕ: Само 2 процента од жените во земјава пријавуваат семејно насилство

Свеста кај жените да пријавуваат насилство се уште е на ниско ниво стои во заклучокот на ОБСЕ од истражувањето за благосостојбата на жените во Македонија. Половина од анкетираните жени веруваат дека домашното насилство е приватно прашање кое треба да се реши во семејството. Само 2 проценти  од жртвите на насилство од својот партнер пријавиле во полиција. Податоците се загрижувачки и според советничката на ОБСЕ за родови прашања проблемот е социјален.

 Најголем број жените не пријавуваат бидејќи се срамат или пак не се информирани. Голем број од нив се плашат од последиците или пак трпат бидејќи немаат доволно финансии.  ОБСЕ заклучува дека е потребна е поголема поддршка особено за жените од малцинските групи и од руралните средини. Жените треба да бидат безбедни како надвор така и  дома порача амбасадорот на ОБСЕ.

 Насилството врз жените и девојките не е прифатливо, е дискриминирачко и против него мора да се бориме, да го осудиме и да го спречиме по секоја цена. Нашата мисија е подготвена да го поддржи националчниот акциски план на Владата за спроведување на Истанбулската конвенција. Сите треба да се заложат за нулта толеранција на насилството врж жените, изјави амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

И премиерот Заев смета дека насилството врз жените не е само женско прашање и рече дека се работи на јасни законски решенија со кои ќе се спречува насилство и ќе се штитат жените жртви. Заев најави дека разгледува кандидатки за поголема застапеност на жените во сите нивоа на централната власт од министерки до директорки. За прв пат е отворен центар за жртви на сексуално насилство и нивна ресоцијализација како и три центри за упатување на жртвите во здравствените установи во Скопје, Куманово и Тетово.