ОБСЕ подготвена да посредува во политичкиот дијалог во Албанија
Органзацијата за безбедност и соработка во Европа(ОБСЕ) е подготвена да посредува во дијалогот за надминување на повеќемесечната криза во која се наоѓа Албанија.
Ова за тиранската телевизја Ора њуз го потврдиле од кабинетот на генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Роберто Монтела од каде додаваат дека тој планира да ја посети Тирана, но форматот на посетата ќе зависи од политичката волја во Албанија.
Премиерот Едн Рама и лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, продолжуваат да заземаат спротивни ставови за условите на можниот дијалог.
Лидерот на опозицијата се согласува на дијалог со Еди Рама само кога тој ќе поднесе оставка како премиер. Но, досега шефот на владата негираше каква било можност за негово разрешување од извршната власт. За 7 месеци, демократската партија заедно со сојузниците го напушти парламентот и ги загуби десничарските општини по гласањето на 30 јуни, додека СП ја прошири својата власт освојувајќи 60 од вкупно 61 општина.
Меѓународните претставници побараа политичкиот договор да биде постигнат од домашната политика, но не гледајќи ни најмал напредок, се чини дека се загрижени за ескалацијата на ситуацијата.
Инаку на крајот на минатиот месец пртседателот Илир Мета достави официјално барање до ОБСЕ со кое побара органзацијата „да ја одигра улогата на медијатор за да се надмине повеќемесечната длабока политичка криза во која се наоѓа земјата“.
Во одговорот до него ОБСЕ потенцира дека олеснувањето на дијалогот може да биде успешно само со согласност и учество на сите релевантни страни преку широк национален процес.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот