Свет
17. November 2017 - 13:56

ОБСЕ: Неприфатливо е пријавување на медиуми како странски агенти во САД и Русија

 

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Арлем Дезир е загрижен за низа мерки на САД и Русија со кои од медиумите од други земји се бара да се регистрираат како странски агенти. 

 - Ги повикувам и САД и Руската Федерација повторно да ги разгледаат и да се воздржат од барањата на медиумските ентитети да се регистрираат како „странски агенти“ и да не преземаат натамошни чекори, истакна Дезир, изразувајќи подготвеност да им помогне на САД и Русија да ја решат оваа ситуација во согласност со своите обврски во поглед на слободата на медиуми.

Дезир писмено им се обрати на властите во САД и Русија барајќи одговор за причините што стојат зад барањата за некои медиуми да се регистрираат во согласност со законот како „странски агенти“.

Исто така, го поставува и прашањето за последиците од тие барања, што се однесува до способноста на медиумите и нивните новинари слободно да работат и да известуваат од други земји.