Македонија
14. јуни 2020 - 17:28

ОБСЕ ги почна подготовките за мониторинг, Пендаровски чека договор меѓу партиите за нова вонредна состојба

Претседателот Пендаровски е подготвен да донесе нова одлука за прогласување вонредна состојба но чека залено светло од почитичките партии. Од неговиот кабинет потенцираат дека ставот на шефот на државата не е променет, но нова вонредна состојба ќе има само доколку претходно биде постгинат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените избори, заради  создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување.

Од друга страна мисијата на ОБСЕ/ОДИХР по покана на Владата ги стартуваше подготовките за мониторинг на изборите на 5 јули. Меѓународната мисија денеска распиша оглас за специјална оценувачка мисија, во кој бара надворешни експерти, односно шеф на мисија, заменик шеф и 5 аналитичари. Набљудувачите треба да бидат достапни на ОБСЕ од 19 јуни, кога се очекува членовите на меѓународната мисија да пристигнат во земјава.  

Според владината уредба за избори која почнува да важи од денеска, ДИК во рок од еден ден треба да изготви роковник за изворните дејствија кои преостанаа од пред воведувањето на вонредната состојба. Но извори од ДИК  велат дека тоа не може да го спроведат без писмено решение од спикерот Џафери.

Од кабиентот на Талат Џафери засега нема одговор дали собранискиот спикер ќе донесе ново решение за распишување на изборите или ќе го корегира постојното и како тоа ќе се одрази на изборните рокови.

Дека е потребно решени од Џафери за нов датум, тврди и вицепремиерот Бујар Османи во интервју за Прес24.

Од име на ДУИ Османи денеска апелираше партиите да изнајдат решение за да не се предизвика нова политичка криза.

Очекувам денес сите политички фактори да ги посочат нивните позиции и предлози за тоа како сметаат дека треба да за ја заокружиме оваа неприродна ситуација, но и да упатам апел до политичките лидери да ги замрзнат изборните тактики и да ѝ дадат приоритет на сериозноста во која се наоѓаме. И без разлика што одговорноста за овој евентуален неуспех е целосно наша, домашна, овој повик сакам да го проширам и до нашите меѓународни пријатели. Тука пред сè мислам на нашите стратешки партнери САД, како и на нашите непосредни сојузници Европската Унија - чие влијание и пред сè својот авторитет меѓу граѓаните, може исклучително многу да ни помогне да не дозволиме нова политичка криза, рече Османи

По петочната неуспешна лидерска средба, продолжуваат неформалните разговори помеѓу партии од чиј договор за изборите ќе зависи и одлуката на шефот на државата за нова вонредна состојба.