Македонија
28. April 2017 - 12:33

ОБСЕ цврсто го осуди вчерашниот инцидент

Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи Себастијан Курц и генералниот секретар на ОБСЕ Лaмберто Заниер цврсто го осудуваат вечерашниот напад на зградата на Парламентот во Скопје. Насилството не може да биде замена за политичките решенија. Таквите решенија треба да се бараат во рамките на демократските процеси на одговорен начин.

„Нападите на неколку членови на Собранието, упадот во зградата на Парламентот – срцето на демократијата на земјата – се шокантни. Ова е акт на заплашување, напад на претставувањето на луѓето кој што јас категорично го осудувам“- рече Курц. „Смиреноста и редот мора веднаш повторно да се воспостават. Ги повикувам сите страни да се воздржат од понатамошна ескалација на тензии или насилство.“

Генералниот секретар Заниер рече дека насилството нема место во политичкиот процес. „Насилството мора веднаш да престане. Органите за спроведување на законот мора да обезбедат безбедност на пратениците и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.“

Претседавачот на ОБСЕ и генералниот секретар ги повикуваат политичките чинители повторно да го воспостават дијалогот во Парламентот и да ги почитуваат демократските принципи како и резултатите од декемвриските избори.