Ракомет
11. January 2016 - 18:16

Обрван „пресече“ во Краков без Митревски, Куковски, Костески и Талески

Со 17 ракометари од кои двајца голмани, три пикери и само едно десно крило Македонија ќе патува на Европското првенство во Полска. Ваквиот избор на играчи можеше и да се очекува по двата контролни дуела со Црна Гора одиграни вчера и денеска напладне. 

Од сиспокот отпаднаа гоманот Никола Митревски, потоа десното крило Никола Костески (на оваа позиција ќе мора да пополнува Митков, ако треба), потоа Милорад Куковски и Филип Талевски.
Обрван списокот им го соопштил на играчите на денешниот состанок одржан попладнево.
Македонија за Краков ќе патува во среда на 13.јануари во 12 часот со чартер лет од Скопје за Краков.
 
-   Ова ми е еден од најтешките, ако не и најтежок професионален момент откако сум селектор на оваа репрезентација. Момците повеќе од било кога заслужуваат можност секој поединечно да остави придонес во бранењето на боите на националниот дрес. Но, желбите се едно, а правилата налагаат друго. Финалната селекција беше направена врз база на многу квалитативни, но и квантитативни параметри. Сакам да потенцирам пред македонската јавност дека ниту еден од оние ракометари кои нема да тргнат за Краков на 13-ти, не е елиминиран. Момците знаат дека треба да бидат спремни да одговорат на повикот за Краков доколку се укаже потреба за нивно присуство таму во текот на првенството“, изјави Обрван за интернет страницата на РФМ.
 
На листата на играчи се наоѓаат: 
Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец (голмани), Гоце Георгиевски, Влатко Митков, Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Ацо Јоновски.
 
На Европското првенство право на анстап на еден натпревар имаат 16 играчи.