Обраќање на Владимир Ѓорчев пред политичките колеги од ЕПП во Брисел
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев денеска имаше обраќање пред генералното собрание на Европската народна партија, во рамки на неколкудневната официјална посета на Брисел која што ја реализираат заедно заедно со потпретседателот, Александар Николоски.
Владимир Ѓорчев во своето обраќање политичките колеги од ЕПП ги запозна со катастрофалните состојби во Македонија.
Владимир Ѓорчев го истакна влошувањето на економската состојба во Македонија откако Заев е на власт. „Владината корупција стана секојдневие во државата, се повеќе се гушат медиумските слободи, а пак политичкиот прогон е факт. Егзодусот од ден во ден се повеќе се зголемува, со еден збор земјата секојдневно назадува.“, рече Ѓорчев.
Ѓорчев информираше и за растот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста и на анкетите. „ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ и тоа ќе значи победа на следните парламентарни избори“, истакна Ѓорчев.
Ѓорчев нагласи дека следната македонска влада ќе ја состават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тогаш таа влада интензивно ќе работи на европската агенда и ќе соработува со Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лејен од редовите на ЕПП.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори