Џет-Сет
9. November 2016 - 11:09

Обожавателите загрижени: Познатиот музичар и актер ги отсече двата прста

Не е тајна дека актерот Џаред Лето е и добар музичар, но според фотографитие кои неодамна се објавени се чини дека некое време ќе прави пауза од свирење.

Џаред Лето (44) на Снапчат објави помалку бизарна фотографија, која многу ги загрижи неговите обожаватели.

Ако се суди според фотографијата,, фронтменот на бендот 30 Seconds To Mars некое време мора да одмори од свирење на гитара. Имено, на сликата се гледа дека двата прсти на актерот се во завој, а тежината на повредата засега не е позната. Откако е видена фотографијата, обожавателите се уплашиле дека Лето си ги отсекол прстите.