Живот
20. April 2018 - 22:40

Обожаваат секс на кружен тек: Овие тинејџери на скандалозен начин го слават крајот на школската година, а властите не знаат како да ги запрат/18+

Крајот на средното училиште сите ученици сакаат да го прослават на посебен начин, но тинејџерите во Норвешка го одбраа оној најшокантниот, дури и опасен за минувачите.

Нивната прослава подразбира групен секс и тоа на јавно место.

Како што се истакнува, посебно на удар се возачите чие внимание го одвлекуваат зошто тинејџерите за своите оргии ги бираат кружните текови и прометните патишта, па така се зголемува бројот на несреќите.

Овој тренд стана и бизнис зошто за овие прослави познати како "RUSS" тинејџерите изнајмуваат автобуси и комбиња со кои се возат низ земјата, и за тоа плаќаат по 1000 евра дневно.

Покрај огромното количество алкохол и недолични сцени, проблем е во тоа што не сфаќаат, дека, како што се истакнува, доволно е некој по улица да оди гол, за да предизвика сообраќајна несреќа.

Министерството за сообраќај беше принудено да ја осмисили и промовира акцијата „НЕ за секс на кружните текови“, но за жал немаше посебен ефект.

Нивните сексуални ритуали покрај прометните раскрсници и патишта, се почесто подразбираат и насилни влегувања во куќите и становите на нивните професори.