Бизнис
23. October 2016 - 16:44

Обновливи извори на енергија има, но нема желба организација и стратегија

Потенцијал има  но потребна е желба, организација и  стратегија за максимално искористување на обновливите извори на енергија. Експертите  тука го гледаат проблемот за недоволната застапеност на водата, ветерот и сонцето за добивање на струја. Велат дека парите не се пречка. За добро разработена студија средства секогаш се наоѓаат. Посочуваат дека јаглен има за наредните 20 тина години,  и затоа како земја мора да се насочиме кон зголемување на хидро потенцијалот, ветерната енергија и бројот на сончеви централи.

И на економскиот самит кој се одржа во Скопје  странските експерти посочија дека Македонија треба уште многу да работи на ОИЕ.

Во енергетската стратегија базирана на директивите на Европската унија, Македонија до 2020 година 20 отсто од вкупната енергија треба да ја добива од обновливи извори. Според експертите, тоа би се постигнало ако се реалзират сите предвидени проекти, вклучувајќи  го и Чебрен и Галиште- хидроцентралите на Црна  Река.