Обнова на парк кај Градски ѕид
Општина Центар информира дека е почната обнова на парк во Градски ѕид, на површина од 7.000 метри квадратни.
- „Српското маало“, кое е во строгото централно подрачје зад „Малага“ и „Просветно дело“, ќе блесне во нов сјај. Во склоп на проектот е сместен мултифункционален урбан елемент на дрвена подлога, направена во пачворк стил. Еден дел ќе биде за аудиторим и ќе има три маси за играње шах, соопшти општина Центар.
Како што информираат од општината, се поставува ново современо детско игралиште, со безбедносна подлога од специјална гума. Ќе биде поставена и нова урбана опрема, како и тревен бусен на 500 метри квадратни. Ќе бидат насадени 150 високо родни дрвја, 4.100 зимзелени и листопадни грмушки и зимски и летен расад. За одржување на зеленилото ќе биде поставен автоматски систем за полевање.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите