Бизнис
6. December 2018 - 19:44

Обложувалниците, казината и трговијата се главни двигатели на македонската економија, БДП порасна за 3%

Обложувалниците, казината, трговијата, тоа се главните двигатели на економијата во третиот квартал. БДП во претпослендото тромесечие порасна за 3%. И индустријата има придонес кон благиот пораст. Градежништвото пак и натаму е во минус од 2,6%.  Пад има и кај бруто инвестициите.

Сепак за владата ваквите бројки се доказ дека економијата оди напред. Растот се темели на реалната економија. Оптимисти се дека до крајот на  годинава ќе се постигне  владината проекција  од  2,8 проценти.

Од бизнис секторот пак велат дека за поголем раст неопходно е раздвижување на градежништвото - секторот кој долги години беше двигател на економијата. 

И од  Светска банка посочуваат дека раздвижување на економијата има. Инвеститорите полека се враќаат и тоа е добар сигнал.  Но сепак  Македонија  сеуште е  далеку од европскиот просек.

Во првите квартал растот на БДП беше 0,1 отсто, а  во вториот 3,1 процент