Македонија
20. April 2016 - 13:28

Облешево доби повеќенаменско спортско игралиште

Во населеното место Облешево во општина Чешиново-Облешево завршија градежните активности за изградба на повеќенаменското спортско игралиште. Со ова Општина Чешиново-Облешево доби едно современо и модерно повеќенаменското спортско игралиште каде што жителите на оваа општина ќе имаат можност да го поминуваат слободното време и да се рекреираат.

- Вредноста на инвестицијата за ова повеќенаменско спортско игралиште изнесува седум милиони денари и е дел од проектот „100 повеќенаменски игралишта “ како инвестиција на Владата на Република Македонија. Димензиите на ова игралиште се 42,10 на 25,10 метри. Игралиштето содржи терен за ракомет, фудбал и кошарка, изјави градоначалникот Костадин Личков.

Оваа инвестиција, истакнува Личков, е од особено значење за младите од општината, бидејќи со ова игралиште, како што рече, им овозможуваме да го градат својот натпреварувачки и спортски дух и здрав начин на живеење.