Македонија
10. February 2017 - 8:27

Облачно време со слаба магла по котлините

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаба магла по одделни котлини и по речните долини, а на некои повисоки места и на планините ќе има сончеви периоди. Локално се уште е можно слабо проврнување дожд особено во јужните и во западните делови на земјава, а на планините ќе има слабо провејување снег. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од пет до девет степени.

Во Скопје слично време со температура од еден до девет степени.  

До крајот на неделава времето ќе биде стабилно и суво со благо опаѓање на температурата. Од понеделник ќе има покачување на дневната температура, а утринската ќе биде во опаѓање.