Облачно време со повремени врнежи од снег
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег во југоисточниот дел од земјава, а во крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во попладневните часови врнежите насекаде ќе престануваат и во текот на денот ќе се намалува и облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус три до четири степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено и засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до еден степен.
Од четврток облачноста постепено ќе се намалува. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и најниски се очекува да бидат под минус 10, а дневните за време на викендот ќе бидат во благ пораст. Во недела се очекува насекаде да бидат позитивни и да се движат од нула до пет степени.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај