Македонија
20. October 2016 - 8:16

Облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот од југозапад облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите подрачја.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува  слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Т.мин. 8/17 степени.

Во сабота се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.