Македонија
25. December 2015 - 8:14

Облачно со слаб ветер и магла по котлините

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој особено ќе биде изразен долж Повардарјето. Магла ќе има, но само по одделни котлини и тоа во утринските часови.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје слично време, со утринска слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла по котлините особено во претпладневните и ноќните часови. И во сабота претпладне ќе дува слаб повремено умерен северен ветер кој ќе ги намали условите за појава на магла.