Македонија
18. January 2019 - 8:10

Облачно со слаб јужен ветер

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, по одделни котлини магливо. Во југозападните и јужните делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 11 степени, а дневната температура од два до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус девет степени, а дневната до три степени.

Во наредниот период ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла, а повеќе сончеви периоди ќе има во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.