Македонија
8. February 2018 - 8:40

Облачно со слаб дожд, на планините снег

Времето во Македонија ќе биде облачно со слаб локален дожд во утринските часови, а на планините со слаб снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од осум  до 16 степени.

Во Скопје слично време, во утринските часови со услови за слаби врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег ќе има за време на викендот. Пообилни врнежи ќе има в сабота.