-->
-->
Облачно со повремени врнежи од снег, на места и силен ветер до 80 км на час
-->
Времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од снег, претежно со слаб, а во западните и јужните делови на места со умерен интензитет. Дува засилен, на повеќе места и силен северен ветер со до 80 км/час.
Во текот на денот ќе продолжи да дува умерен до засилен северен и североисточен ветер. Кон крајот на денот облачноста почнувајќи од север ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне од -5 до 2 степена.
Во Скопје, претпладне облачно со слаби врнежи од снег и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата до -1 степен.
Како што соопштија од УХМР, од утре следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка