Облачно со повремен дожд
Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, во текот на денот локално ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со услови за слаб локален дожд и со умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната температура до 22 степени.
До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, особено во недела. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од западен правец. Во вторник ќе биде посвежо со засилен ветер од северен правец, а врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Од среда ќе биде стабилно и потопло.
Ново на Сител
-
Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување
-
Меѓународна полициска акција во БиХ
-
Нова промена на цените на горивата
-
Големи поплави во Кина | ВИДЕО
-
Модриќ: На чекор сме до титулата
-
Маж заврши во болница, со трактор излетал од патот
-
Три жени каснати од кучиња во Скопје
-
Ангелов до Ахмети: Кревај „рачна“ кочница со време, Мицкоски не е сам!