Македонија
30. January 2020 - 8:02

Облачно со локални врнежи од снег

Времето во земјава претпладне променливо облачно со локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег со послаб интензитет. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура од два до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со локални врнежи со локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег со послаб интензитет.Ќе дува умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до девет степени.