Македонија
16. December 2016 - 8:06

Облачно и студено време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи од нула до осум степени.

Во Скопје  ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе достигне шест степени.

Од понеделник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.