Облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови каде на планините ќе се формира нова снежна покривка. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието и на планинските места.
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од пет до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и доста посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен на моменти засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се искачи до девет степени.
Во недела и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а дневната температура ќе бележи пораст.
Од вторник се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО